Новости
Ноември 2011
Технолаб доби овластување за вршење на обуки за управување со отпад
Октомври 2011
Тимот на Технолаб учествуваше на IV Меѓународна Конференција “Компетентност на лабораториите 2011“ што се одржа во Цавтат, Р.Хрватска
Септември 2011
Учество на Меѓународниот конгрес за БЗР во Истанбул, Турција
Лабораторија и испитувања
Лабораторија за еколошки испитувања акредитирана од Институтот за акредитација на Република Македонија според стандардот МКС ИСО/ИЕЦ 17025:2006
Лабораторијата за еколошки испитувања е акредитирана од Институтот за акредитација на Република Македонија според стандардот МКС ИСО/ИЕЦ 17025:2006
Лабораторијата на ТЕХНОЛАБ е горда на квалитетот на услугите што ги дава на своите клиенти. При тоа, лабораторијата постојано работи на усовршување и подобрување на нивото на услуги преку следење на светските трендови во испитувањата , постојана едукација на вработените, осовременување на опремата и просторот за испитувања, воведување на нови методи за испитување, учество во меѓународни меѓу лабораториски испитувања.
- Мерење и анализа на услови во работната средина
- мерење на микроклиматски услови во работната средина(температура, релативна влажност, брзина на струење на воздух
- мерење на осветленост во работната средина
- одредување на професионалната изложеност на бучава
- мерење на хемиски штетности (прашина, СО, СО2, ...) во работна средина
- мерење на хемиски штетности ( присуство на органски соодиненија)
- Мониторинг на емисии на загадувачки супстанции во воздух
- Контрола на квалитетот на воздухот (емисија и имисија)
- Лабораториски и технолошки испитувања на животната средина
- Мерење на брзина и волуменски проток на гасни струења во канали
- Мерење на температура на гасови во канали
- Земање на примероци од гасови во канали
- Одредување на концентрации на ЅО2,СО, СО2, NO и О2 во отпадни гасови
- Одредување на концентрација на цврсти честички (прашина) во отпадни гасови
- Определување на вкупни суспендирани честички, респирабилни честички и фракција ЦЧ10
- Одредување на суспендираните цврсти честички РМ 2,5
- Одредување на нивоата на бучава во животна средина
- Мерење и анализа на емисии во вода
- Мерење и анализа на емисии во почва



