Новости

Ноември 2018

Учество на Научната конференција „Загадување на градовите во Република Македонија, кои се решенијата?„

повеќе


Октомври 2018

Технолаб учествуваше на Меѓународна конференција „Енергетика 2018„ во организација на ЗЕМАК

повеќе


Септември 2018

Учество на Технолаб на Конгресот на хемичари и технолози

повеќе


Архива на новости

новости


Март 2018

Генералниот менаџер на ТЕХНОЛАБ М-р Магдалена Трајковска Трпевска е избрана за една од 10-те Топ Жени Менаџерки во Македонија за 2017 година

Во рамките на манифестацијата „Избор на 10 Топ жени менаџерки за 2017„ во организација на агенцијата „Марили“, директорката на Технолаб, М-р Магдалена Трајковска Трпевска беше избрана како една од 10 најуспешни жени менаџери за 2017. Свеченото доделување на признанијата се одржа во хотел Холидеј Ин на 29.03.2018 година. На овој настан покрај 10-те најуспешни менаџерки за 2017 година присуствуваа и Министерката за труд и социјална политика - Мила Царовска, Министерот за здравство  Д-р. Венко Филипче, претставници од дипломатските претставништва и многу други  подржувачи на манифестацијата.

На доделувањето на признанието за најуспешна жена менаџер за 2017 на М-р Магдалена Трајковска Трпевска му претходеше презентирање на видео материјал за Технолаб кој беше специјално направен за оваа прилика.

Успешноста на Технолаб како компанија уште еднаш е потврдена, овој пат преку признанието за најуспешен менаџер на М-р Магдалена Трајковска Трпевска.





Архива на новости