Новости

Ноември 2011

Технолаб доби овластување за вршење на обуки за управување со отпад

повеќе


Октомври 2011

Тимот на Технолаб учествуваше на IV Меѓународна Конференција “Компетентност на лабораториите 2011“ што се одржа во Цавтат, Р.Хрватска

повеќе


Септември 2011

Учество на Меѓународниот конгрес за БЗР во Истанбул, Турција

повеќе


Архива на новости

новости


Октомври 2011

Тимот на Технолаб учествуваше на IV Меѓународна Конференција “Компетентност на лабораториите 2011“ што се одржа во Цавтат, Р.Хрватска

Тимот на Технолаб во состав М-р Магдалена Трајковска Трпевска, Марјан Ѓровски, Андрија Велјаноска и Бошко Блажевски учествуваше на IV-тата Меѓународна Конференција “Компетентност на лабораториите 2011“ што се одржа во Цавтат, Р.Хрватска од 12-15.10.2011 година. Конференцијата беше организирана од страна на Хрватското Здружение на Лаборатории ( CROLAB) во соработка со Европското здружение на Лаборатории (EUROLAB). М-р Магдалена Трајковска Трпевска имаше чест да ги поздрави присутните на церемонијата на отварањето на конференцијата со што придонесе за афирмација како на Технолаб така и на Република Македонија во европски рамки.

 

Технолаб на оваа конференција учествуваше и со својот труд “ИСКУСТВА ОД ПРИМЕНА НА СТАНДАРДИТЕ MKS EN ISO 9001 И MKS EN ISO 17025 ВО ОБЛАСТА НА ЖИВОТНА СРЕДИНА И БЕЗБЕДНОСТ ПРИ РАБОТА“ за кој беше изработен постер кој предизвика многубројни позитивни реакции од присутните на конференцијата .

 

Присуството на IV-тата Меѓународна Конференција “Компетентност на лабораториите 2011“ е уште еден доказ за меѓународна афирмација на компетентноста и стручноста на Технолаб.

 

Архива на новости