Новости

Јуни 2018

На иновативниот проект на Технолаб му е доделен грант од Фондот за иновации и технолошки развој во рамките за Првиот повик за финансирање на проекти во рамките на Столб 3 од Планот за економски раст на Влада на Република Македонија

повеќе


Јуни 2018

Тимот на Технолаб учествуваше на петдневен тренинг за одржливо управување со контаминирани локации во рамките на проектот на УНИДО за „Отстранување на техничките и економските бариери за иницирање на активности за деконтаминирање на локацијата на ОХИС“

повеќе


Март 2018

Генералниот менаџер на ТЕХНОЛАБ М-р Магдалена Трајковска Трпевска е избрана за една од 10-те Топ Жени Менаџерки во Македонија за 2017 година

повеќе


Архива на новости

ОБУКИ

ОБУКИ ЗА УПРАВУВАЊЕ И/ИЛИ ПОСТАПУВАЊЕ СО ОТПАД

ОБУКА ЗА ПОЛАГАЊЕ НА СТРУЧЕН ИСПИТ ЗА УПРАВУВАЊЕ И/ИЛИ ПОСТАПУВАЊЕ СО ОТПАД

ТЕХНОЛАБ ДОО СКОПЈЕ со решение од  Министерството за животна средина и просторно планирање е ОВЛАСТЕНО ПРАВНО ЛИЦЕ за вршење на обука за полагање на стручен испит за управување и/или постапување со отпад.

Согласно со Правилникот за поблиските услови што треба да ги исполнуваат правните лица што вршат стручно оспособување, програмата за спроведување на обуката како и формата и содржината на потврдата за учество во обука за стручно оспособување за управување и/или постапување со отпад (Сл. Весник на РМ бр.74 од 2 јуни 2011 год.), обуката за управување и/или постапување со отпад во Технолаб Доо Скопје со врши во согласност со ПРОГРАМАТА ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА ОБУКА ЗА ПОЛАГАЊЕ НА СТРУЧЕН ИСПИТ ЗА УПРАВУВАЊЕ И/ ИЛИ ПОСТАПУВАЊЕ СО ОТПАД

Учесниците на обуката се здобиваат со Потврда за стручна оспособеност за управување и/или постапување со отпад која е предуслов за полагање на испитот за Управител со отпад пред МЖСПП.

Зошто обуки во Технолаб?
- Обуките се изведуваат во мали интерактивни групи
- Предавачи на обуката се: стручни лица за управување и/или постапување со отпад вработени во Технолаб, експерти за отпад од секторот за отпад при Министерството за животна средина и просторно планирање и вработени во Државниот инспекторат за животна средина.
- Тимот на Технолаб поседува повеќегодишно искуство во областа на управувањето со отпад и заштитата на животната средина
- Досега во Технолаб обуките за управување и/или постапување со отпад ги имаат поминато повеќе од 80 слушатели кои потоа успешно го положија стручниот испит за управители со отпад во МЖСПП
- Технолаб поседува сопствена адекватно опремена просторија за одржување на ваков тип на обуки
- За слушателите на обуките е обезбеден работен материјал за активно следење на обуката, материјал за полагање на стручниот испит, освежување со кафе и сендвичи
- Во текот на обуките, преку практични примери и дискусии, слушателите имаат можност да се здобијат со знаења и искуства кои ќе им бидат од исклучителна важност во текот на нивната понатамошна работа на полето на управувањето и/или постапувањето со отпадот
- Правилното управување и/или постапување со отпадот е показател за општествената одговорност на секој компанија која се грижи за чиста и здрава животна средина.
- Обуките во Технолаб ќе Ви помогнат Вашата компанија да направи чекор понапред во однос на управувањето и постапувањето со отпадот.

Доколку сте заинтересирани, Ве молиме да ја пополните ПРИЈАВАТА и да ни ја доставите на нашиот меил [email protected]

За дополнителни информации Ви стоиме на располагање.