Новости
Ноември 2011
Технолаб доби овластување за вршење на обуки за управување со отпад
Октомври 2011
Тимот на Технолаб учествуваше на IV Меѓународна Конференција “Компетентност на лабораториите 2011“ што се одржа во Цавтат, Р.Хрватска
Септември 2011
Учество на Меѓународниот конгрес за БЗР во Истанбул, Турција
За нас
ТЕХНОЛАБ е формиран 2000 година како посебен деловен субјект со цел давање на квалитетни услуги во областа на заштита на животната средина и заштитата и безбедност при работа.
Идејата за основање на самостојна фирма произлезе од М-р Магдалена Трајковска Трпевска, оснивач и генерален менаџер на ТЕХНОЛАБ кој, согледувајќи ја важноста на заштитата на животната и работната средина, а со своето повеќегодишното искуство како специјализиран хемиски инженер, личност одговорна за формирање и акредитацијата на лабораторијата за еколошки испитувања и мониторинг на животната и работната средина согласно ИСО 17025, експерт за оценка на влијанијата врз животната средина и стручно лице за заштита и безбедност при работа, решава да зачекори по сопствен пат.
Повеќе за основачот на Технолаб може да видите тука
[ CV - М-р Магдалена Трајковска Трпевска ]
Индустриските стопански субјекти многу бргу ја препознаа деловноста, стручноста и ефикасноста на соработниците кои се придружија на основачот и за кратко време Технолаб е присутен во голем број деловни субјекти од индустријата, енергетиката и стопанството во Р. Македонија.
Веруваме дека имињата на нашите клиенти и нивната доверба во нас доволно зборува за нашата посветеност во решавањето на сложени задачи поврзани со животната средина и заштитата при работа.
Со повеќе од 10 години работно искуство во областа и стотици успешни проекти зад нас, имаме изградено силна база на знаење која ни овозможува да се справиме со најспецифичните барања и да дадеме решение за најкомплексните задачи.
Високото ниво на знаење комбинирано со искуството во областа во која бевме пионери а денес сме водачи, го гарантираат нашиот но и успехот на нашите клиенти.
Кон нашата работа од самиот почеток, исто како и денес, и пристапуваме со уживање и ентузијазам, и благодарение на добрата организација им го даваме на нашите клиенти тоа што им го ветуваме. Дури и повеќе од тоа...
Затоа, нашата пионерска улога во оваа област кај нас е само обврска повеќе постојано да се надградуваме и да бидеме во чекор со светските достигнувања во оваа област, што ја потврдува нашата соработка на проекти со врвните Европски лаборатории и агенции.
Нашата постојана координација, комуникација, ангажман и соработка со Државните институции на Република Македонија ни даваат за право да веруваме дека Македонија може и заслужува да биде место каде што се живее и работи во чисто и здраво опкружување!
Не чекајте законските санкции да бидат Вашиот мотив и совест, реагирајте на време да допринесеме заедно за почиста, поздрава и поубава средина.
Обратете се, ние сме тука за Вас, оние околу Вас и оние по нас.
Секое Ваше барање е наш предизвик. Спремни сме, по снимање на состојбите во најкратко време да одговориме на Вашиот повик.
Ваш ТЕХНОЛАБ



