Новости

Декември 2017

„Одржување на безбедноста при работа на работни места во рудници за експлоатација на суровини Искуства од Бучим, Радовиш “

повеќе


Октомври 2017

Прва работилница “ Сите дишеме (Ч)ист воздух“

повеќе


Јуни 2017

Учество на Технолаб на Бизнис самитот во Трст, Италија

повеќе


Архива на новости

Зошто Технолаб


КОИ СЕ ПРЕДНОСТИТЕ НА ТЕХНОЛАБ?

Причини поради кои треба да го изберете Технолаб за ваш парнер во областа на безбедноста при работа и заштитата на животната средина:

  • Овластување (лиценца) за вршење на сите предвидени стручни работи во согласност со Законот за безбедност и здравје при работа (Сл.весник на РМ бр.92/07 год.) издадена од Министерството за труд и социјална политика:
    • Проценка на ризик
    • Концепт на изјава на безбедност
    • Изработка и спроведување на програми за обука на вработени за безбедно извршување на работата
    • Редовно тестирање и контрола на опремата за работа
    • Периодично мерење на хемиски штетности, физички штетности и микроклиматски услови во работна средина
  • Сопствената лабораторија која е прва акредитирана лабораторија во Р. Македонија согласно Интернационалниот стандард ISO 17025:2006 за испитување на услови во работната средина и животна средина, надополнета со Инспекциско тело, единствено во Р.Македонија компетентно за контрола од областа на безбеднсот при работа, согласно ISO 17020.

  • Овластување за вршење на стручни работи од областа на животната средина издадено од Министерството за животна средина и просторно планирање.

    • Широк спектар на услуги
      Технолаб ви нуди комплетен пакет на услуги од областа на заштита при работа (Изјава за безбедност со проценка на ризик на работните места, обуки на вработените за БЗР, мерења на услови во работна средина) кои ќе ви помогнат да ги задоволите барањата на нашето законодавство. Исто така Технолаб ви нуди услуги од областа на животната средина (Мерења во животна средина, Мониторинг на животната средина, Оценка за влијание врз животната средина, Стратегиска оцена за влијание врз животната средина, Елаборати за заштита на животната средина, Апликации за добивање на дозволи за усогласување со оперативен план и др.) Убедени сме дека со нашата понуда на професионални и специјализирани услуги допринесуваме нашите клиенти да се чувствуваат сигурни при решавањето на нивните проблеми од областа на нашето делување. [ услуги на Технолаб ]

    • Квалитетни и професионални услуги
      Сметаме дека во областите на нашето делување не постои простор за импровизациа. Затоа инвестираме во високо професионални и квалитетни кадри. Квалитетот и професионалност при извршувањето на нашите услуги се основни претпоставки за достигнување на целите на нашите клиенти.

    • Долгогодишно искуство
      Нашите експерти имаат долгогодишно високо професионално искуство во областа на заштитата при работа и заштитата на животната средина. [ референтна листа ]

    • Mултидисциплинарен тим
      Мултидисциплинарниот тим на Технолаб е специјализиран за сите видови работи поврзани со заштитата и безбедност при работа. Нашиот тим е компетентен и флескибилен во управување со мултидимензионални проекти со цел одговарање на Вашите потреби. Со ваквиот пристап секојдневно ја зајакнуваме нашата позиција како лидер во областа на заштитата при работа и заштитата на животната средина.

    • Доверливост
      Посветени сме на развивање партнерски однос со нашите клиенти. Како сигурен и доверлив партнер, нашата цел е да останеме долгорочен и вреден партнер за во иднина при што остваруваме креативна размена на информации и искуства.

    • Одговорност и флексибилност
      Наша постојана одговорност е да одговориме на барањата на нашите клиенти. Реализацијата на нашите услуги е секогаш во согласност со можностите и барањата на нашите клиенти.

    • Компетитивност
      Професионалноста и квалитетот при извршувањето на нашите услуги се наш поен плус во споредба со нашите конкуренти.

    • Последно но еднакво важно да се спомене
      ТЕХНОЛАБ остварува блиска соработка со надлежните институции од областа на заштитата при работа и заштитата на животната средина со што директно сме вклучени во остварувањето на стратегиите за квалитетна заштита на работната и животната средина.